Ако министрите на ВМРО не бидат изгласани, ќе има политичка криза

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Алсат изјави дека ако македонската опозиција не предложи имиња за министри или ако парламентарното мнозинство не гласа за нив, тогаш ќе се предизвика политичка криза. Шефот на државата повика да се остават на страна партиските интереси и да не се комплицираат процесите за техничката влада.
Запрашан за европските вредности на ДУИ, главно по последните инциденти и афери, Пендаровски рече дека во однос на стратешката определба, партијата на Али Ахмети ја поддржува интеграцијата на земјата, но од друга страна не е на ниво на напредокот на правната држава.
Пендаровски зборуваше и за составот на Државната изборна комисија, при што изјави дека законските одредби се јасни, односно дека испразнетото место во ДИК треба да ѝ припадне на опозицијата. Исто мислење делат и дипломатските претставници во земјава.
Адриан Керими