ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Љубомир Јовески немал к’смет да стане уставен судија
Љубомир Јовески немал к’смет да стане уставен судија

Парламентарното мнозинство го повлече предлогот за избор на Љубомир Јовески за судија во Уставниот суд. Јовески замина во пензија и веќе подолго време не е јавен обвинител, а Владата која претходно го предложи за нов уставен судија, ја повлече поддршката за него.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта се решила за таков потег затоа што Јовески повеќе не им е корисен.