Терапија со љубов: Кучето ќе ве ослободи од депресија и ќе ве врати во живот


Алсат
12.06.2020 08:20
Терапија со љубов е вистинскиот израз за сите предности кои ги имаме од нашите најдобри пријатели на четири нозе. Тој е ваш најлојален пријател, кој ве тера да се движите, комуницирате со околината и ќе ви измами насмевка на лицето.
Овој вид чудесна терапија во многу случаи се смета поделотворна од било каков лек, и тоа не само кога се во прашање луѓе кои поминуваат низ лош период или се со слабо здравје, но особено за постари лица.
Кучињата и другите домашни миленичиња можат многу да им користат на постарите, бидејќи им пружат нешто за кое ќе се грижат и ќе сакаат, а истовремено им прават друштво што е особено добро за оние кои живеат сами.
Понекогаш, идеален миленик е токму кучето. Тоа е причина да станеме наутро. Понекогаш сакаме да зборуваме баш за нашето домашно милениче, а понекогаш сакаме и да зборуваме со нив.
Научниците сметаат дека тие можат да ни помогнат да склопиме нови познанства и да ни пружат друштвена вклученост која постарите луѓе инаку не го остваруваат лесно.
Домашните миленичиња придонесуваат да се чувствуваме помалку осамени и спречуваат појава на депресија.
Осаменоста не смее да биде единствена причина за да чувате домашно милениче. Тие би требало да бидат дел, член на семејството. Домашните миленичиња на многу луѓе им ја вратиле животната радост, чувството дека се потребни некому и дека имаат со кого да го поминат времето.
Оние кои еднаш имале домашно милениче, тие веќе никогаш нема да се чувствуваат исполнето без тие чекори низ домот. Нив не им треба многу за среќа. Доволно е да ги сакате, да се грижите за нив и да ги храните. За возврат ќе ви дадат многу повеќе.
Тие својата радост ја пренесуваат спонтано на нас, а особено чувствуваат кога сме тажни или нервозни и имаат моќ да ја намалат таа болка.
Доколку сте подготвени – набавете си домашно милениче и бидете посреќни.