СПОРТ

Алкараз: Синер игра извонредно и има капацитет да го победи Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз смета дека Јаник Синер има капацитет да го совлада Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен.

Advertisements

Алкараз остана без шанса да се бори за титулата, по што кажа дека одиграл катастрофално, а на прес-конференцијата зборуваше и за актуелниот шампион на турнирот.

„Мислам дека тенисерите кои се пласираа во полуфиналето се на високо ниво и можат да го победат Новак. Не е лесно, но мислам дека Синер игра извонредно и има капацитет да го победи Ѓоковиќ“, кажа Алкараз.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button