Во Кривичен објава на пресудата за „Ласкарци“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Ласкарци“ што се однесува на автобуската несреќа којашто се случи во 2019 година, а во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.
Во случајот се обвинети сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, кои се товарат за соучество во истото дело.
Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години. Пресудата треба да биде објавена во 12 часот.