Арина Сабаланка без зaгубен сет, во финалето на Австралија Опен

Арина Сабаленка ќе ја брани титулата на Австралија опен. Тенисерката од Белорусија, во полуфиналето ја победи Коко Гоф. Со овој триум Сабаленка и се реваншира на aмериканката за поразот во финалето на ју-ес опен минатата есен.
Сабаленка се уште нема загубено сет на турнирот. Во полуфиналето против Гоф победи со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 44 минути. Вистински ролеркостер беше првиот сет, во кој двете тенисерки три пати направија брејк и двете имаа сервис за предност од 1:0 во сетови.
На крајот се играше тај-брејк, во кон Сабаленка апсолутно доминираше и го доби со 7:2.
Целосно различен беше вториот сет. Двете тенисерки беа исклучително сигурни во своите сервис гемови. Клучен беше деветтиот кога Сабаленка успеа да и го одземе сервисот на противничката, а потоа без поголеми проблеми на својот сервис го заврши мечот.
Противничка на Сабаленка во мечот за титулата ќе биде победничката од второто полуфинале во кое ќе играат Јастремска и Џенг.