ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата во оставка, се подготвува техничката Влада

Владата во оставка, се подготвува техничката Влада

Владата на чело со Димитар Ковачевски е во оставка, која се очекува да биде констатирана на утрешната седница. Премиерот во заминување лично ја достави оставката до Собранието во раните утрински часови. Тој рече дека очекува владата да продолжи со истиот пристап.

Advertisements

Оставката на Ковачевски, според ВМРО-ДПМНЕ, е почеток на крајот на власта на СДСМ и ДУИ.

За да се следат процедурите, за оставката на владата ќе биде известен претседателот.

Попладнево оставка  поднесе и на претседателот на Собранието Талат Џафери. По констатацијата на оставката на Владата и оставката на претседателот на Собранието, ќе биде избран новиот претседател на Собранието, Јован Митревски. Џафери ќе го добие мандатот за формирање на новата влада, која треба да биде изгласана в недела, 28 јануари./Алсат.мк

Фатлуме Рушити

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button