ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Сончево со умерена облачност и температури до 13 степени

Времето денеска во западните делови ќе биде претежно сончево и тивко, а во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 10 степени.