СПОРТ

Јаник Синер е прв финалист на Австралија Опен

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е прв финалист на Австралија Опен откако утринава го победи Новак Ѓоковиќ со 3-1 (6-1, 6-2, 6-7, 6-3). Со тоа, Синер го симна од тронот својот ривал кој ја бранеше титулата во Мелбурн. Ова беше најдобар меч во кариерата на Италијанецот кој на Ѓоковиќ не само што не му дозволи ниеден брејк, туку и ниедна брејк-топка, апсолутно ја контролираше ситуацијата и го диктираше темпото и апсолутно заслужено победи.

Advertisements

Доказ за тоа се првите два сета во кои Синер буквално го уништи првиот светски рекет, дозволувајќи му само три освоени гема. Отвори со 3-0, Ѓоковиќ само кратко ја прекина серијата, а потоа следуваа уште три гема по ред за Синер. Нешто случно беше во вториот сет со тоа што тогаш Ѓоковиќ поведе со 1-0, противникот освои три по ред, Србинот намали и Синер со уште три дојде до предност од два сета.

Третиот сет беше единствен кој помина без освоен брејк на еден од двајцата тенисери, а Синер потклекна единствено во тај-брејкот во кој по голема борба Ѓоковиќ триумфираше со 8-6. Клучен беше четвртиот гем од третиот сет кој повторно Синер го освои на сервисот на противникот за водство од 3-1 по што мирно го приведе мечот кон крај, без да му дозволи и брејк-топка на Ѓоковиќ.

За Синер ова е најголем успех во кариерата и прв пласман во едно Гренд слем финале. Противник ќе му биде подобриот од мечот меѓу Медведев и Зверев кои играат нешто подоцна. /Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button