ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камбери, нов директор на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Јетон Камбери ќе биде нов директор на средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Одлуката за именување на нов директор доаѓа по разрешувањето на директорката Теута Лала. Свесен за големите долгови кои гимназијата ги наталожи, новиот директор Камбери за Алсат изјави дека од понеделник ќе почне битката за враќање на ова училиште во нормална состојба.

Advertisements

„Вчера ја донесов одлуката за назначувањето и состојбата на училиштето е нормална, се разбира, со исклучок на некои евиденции што треба прво да ги направиме и да продолжиме со работата, прво во однос на организациониот аспект на администрацијата а потоа и напредок на процесот кој отстапува овој период, па се надевам дека од понеделник ќе ги ставиме на вистинскиот пат. Се надевам дека нема да се задолжуваме повеќе, туку да ги плаќаме долговите затоа што се преголеми, фрапантни затоа што сме покриени со затезна камата и најголем дел од долговите се со вакви камати кон разни фирми“, рече Камбери.

Од општина Тетово велат дека разрешувањето на директорката дошло како резултат на ревизијата, која констатирала злоупотреба на ресурсите на гимназијата од страна на поранешната директорка Теута Лала. Во меѓувреме, училишниот совет побара од првиот човек на општината да ја разреши директорката.

„Со пресуда од Управен суд ни беа вратени овластувањата, а знаејќи дека во претходниот период првиот човек на општината немал правен простор да постапува, со враќањето на овластувањата, првиот човек на општината постапувал врз основа на предлогот на училишниот совет, кој беше побаран од првиот човек на општината, беше разрешена директорката, што раководителот на општината е должен да постапи врз основа на Законот, а по враќањето на овластувањата, првиот човек на општината го донесе решението за разрешување на директорката. Останатите постапки ќе се продолжат преку надлежните институции“, рече Назми Даути- општина Тетово.

Поради разрешувањето на директорката Теута Лала, пред две години Министерството за образование му ги одзеде надлежностите на првиот човек на општина Тетово Билал Касами за именување и разрешување во гимназијата, а само седум месеци подоцна Министерството ги презеде сите надлежности. Оваа одлука општината ја обжали до Управниот суд, кој пред една недела донесе одлука во корист на општината. За овој случај општината најавува и тужби.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button