СВЕТ

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Белорусија стана нуклеарна сила кога во земјата беше изградена белоруската нуклеарна централа со учество на Русија, што е сериозен чекор напред во економскиот и технолошкиот развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин говорејќи на седницата на Врховниот државен совет на федералната држава.

Advertisements

Во своето обраќање Путин потсети дека со учество на Русија во Белорусија изградбата на вториот блок на нуклеарната централа „БелАЕС“ е завршена во 2023 година.

„Ова, секако, е многу сериозен потег имајќи предвид дека не само што се гради станица туку се создава и индустрија. И во оваа смисла, се разбира, Белорусија стана нуклеарна сила и ова е сериозен чекор напред во развојот на економијата и научните области и во технолошкиот развој“, рече Путин.

Тој додаде дека под надворешен притисок Русија и Белорусија си помагаат и имаат заеднички пристапи кон глобалните и регионалните проблеми, пренесува „Спутник“.

„Важно е Русија и Белорусија, во услови на невиден надворешен притисок, тесно да соработуваат на светската сцена и секогаш меѓусебно да си ја даваат вистинска сојузничка меѓусебна поддршка. Пристапите на нашите земји кон актуелните глобални и регионални проблеми се совпаѓаат или се блиски на многу начини“, рече Путин./makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button