Утре на Комисијата за европски прашања неколку закони од МИОА
Утре на Комисијата за европски прашања неколку закони од МИОА

На седницата на Комисијата за европски прашања утре ќе се разгледуваат четири од шесте закони на Министерството за информатичко општество и администрација. Се однесуваат на јавната администрација, медиумите и дигитализацијата. Овие закони предизвикаа револт кај министерот Азир Алиу, кој пред неколку дена изјави дека станало пракса законите да ги одобрува Владата, а потоа Собранието да не ги процесуира.
Од Министерството за информатичко општество не одговорија на прашањата дали е постигнат политички договор за донесување на законите и што доколку тие не се донесат.
Премиерот Талат Џафери вели дека право на пратениците е да дадат или не поддршка за одредени закони.
„Не мислам дека владиниот состав има став и тоа одблокирање ќе се реализира во собранискиот состав. Ако владата има консензус, не значи дека тој консензус автоматски се применува и таму. Пратениците поединечно имаат право и ексклузивни овластувања да размислуваат поинаку и да интервенираат со амандмани. Второ, верувам дека нема да дојде до ситуација некој од владиниот состав на крај да поставува услови и предуслови за учество или неучество“, рече Талат Џафери, технички премиер.
Законите се процесират под знамето на Европската унија, бидејќи според министерот Алиу, тие се директно поврзани со директивите на ЕУ за реформи во администрацијата, дигитализацијата и медиумите. Станува збор за Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административните службеници и Законот за стручно оспособување. Со нив министерот тврди дека се подобрува јавниот сектор и се овозможува обука и стручно усовршување на вработените. Утре на дневен ред е и законот за дигитална трансформација кој предвидува формирање на агенција за мрежна безбедност и дигитална трансформација.
На истата седница не се најде ниту законот за електронски услуги со кој се предвидува можност за поштенски услуги на едно место, ниту пак законот за медиуми кој со месеци е во процедура. Азири сите закони ги сметаше за важни.
Министерот за кој се шпекулираше дека ќе поднесе оставка поради бунтот за законите, најави дека ќе поднесе оставка ако неговото име е директна пречка за нивно одобрување./Алсат.мк
Фатлуме Рушити