ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска: Инспекторите со спротивни одлуки за скопската градоначалничка

Антикорупциската комисија не можеше да утврди дали градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска противзаконски именувала директори на средни училишта. Предметот го префрли на одлучување во Инспекцискиот совет. Неофицијално, по добиена пријава дека Арсовска незаконски именувала директори, инспекторатот од Градот одлучил во нејзина полза, но спротивна одлука пристигнала од страна на Државниот просветен инспекторат.

Advertisements

Засега не се знае за кои точно именувања на директори била пријавена Арсовска во Антикорупциската комисија. Во јавноста кон крајот на октомври минатата година единствено беа споделени обвинувања од страна на партијата Алијанса за Албанците. Според нив, Арсовска го прекршила Законот за средни училишта, при именувањето на тројцата в.д. директори во средните училишта „Кочо Рацин“, „8 Септември“ и „Арсени Јовков“. Според партијата, кандидатите не поседуваат сертификат за познавање на англиски јазик и не го положиле испитот за директор.

„Од документацијата што ја добивме предлогот кај нас ќе биде да се запре, а предметот да се достави на надлежно постапување на Инспекциски совет, бидејќи од инспекторатите има две спротивни одлуки, па Инспекторатот нека цени како постапиле инспекторите“, рече Горан Трпеновски – член на ДКСК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button