Поранешниот директор Нино Васев со лисици на рацете

Со двајца полициски службеници и двајца истражители по наредба на обвинителството, на Клиниката за онкологија привеени се неколку осомничени во врска со скандалот со скапите терапии за рак. Полицијата им стави лисици на поранешниот директор Нино Васев и уште две лица, а ја барала и секретарката која не се појавила на работа и не била достапна на мобилен. Обвинителството соопшти дека претресите биле спроведени на три локации.
„Полицијата и обвинителството овој пат влегоа на Клиниката за онкологија, но за да земат документи, и за да уапсат лица осомничени за тешки кривични дела. Според првите информации, уапсени се тројца, меѓу кои и поранешниот медицински директор Нико Васев, техничкиот раководител на санитарната служба и медицинска сестра, додека во домашни услови, уапсен е и поранешниот организациски директор Нехат Нухиу. Според истражните органи, уште три лица се бараат за истото дело.“
Уапсените се очекува да се појават пред судијата на претходна постапка, за да ги изречат соодветните мерки, а притворените се претресуваат по централна наредба во целата територија на државата. Сѐ уште не е познато за какви тешки кривични дела се товарат осомничените. Актуелните директори на Клиниката за онкологија велат дека соработувале со надлежните.
Пациентите велат дека биле сведоци на апсењето на медицинскиот персонал додека чекале прегледи.
Истражната постапка е отворена во септември 2023 година од страна на ОЈО, во врска со сомневањата дека болните од рак се манипулирани на Клиниката за онкологија и им се продаваат скапи терапии. До денес истрагата е во фаза на прибирање на докази, и обвинителството констатира дека постојат основи за понатамошно постапување по овој предмет. Сомневањата се дека во последните 10 години пациентите со здравствено осигурување не добивале соодветни лекарски прегледи, и терапиите наменети за нив се продадавани приватно за лична корист на осомничените. Телевизијата Алсат, за прв пат извести за овој скандал во октомври 2022 година, по што директорот Нино Васев беше разрешен а Државнатаа ревизија изврши инспекција. Полицијата и обвинителството се разбудија по цела години.
Аднан Ќаили