ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лидерите на албанската опозиција заедно со Таравари на средба кај Курти

Лидерите на Европскиот сојуз за промени Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши придружувани од претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари денеска беа во Приштина на средба со премиерот на Косово Албин Курти. На средбата присуствуваше и претседателот на собранието на Косово Гаук Коњуфца и советникот на премиерот Беким Ќоку. Во соопштението, кое го објавија од кабинетот на Курти пишува дека на средбата се разговарало за ситуацијата во балканскиот регион, добрососедството и перспективата на важното партнерство меѓу Косово и Северна Македонија.

Advertisements

Тема на разговор била социјалната и економската состојба на албанската заедница во Македонија, потребата од демократија и стабилност, како и подобрувањето и напредокот на односите меѓу етничките заедници, за што косово е пример но и го промовира и поддржува.

Четворицата лидери го искажале својот предлог за претседател на Северна Македонија, кој ќе придонесе за  соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Северна Македонија, претседател кој овојпат треба да доаѓа од редовите на Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button