СПОРТФУДБАЛ

Талентираниот Лукас Бергвал пристигнува во Барселона

Управата на Барселона го потврди доаѓањето на големиот шведски талент, Лукас Бергвал. 17-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор со каталонскиот гигант, но ќе се приклучи на новите соиграчи по истекот на тековната сезона.

Advertisements

Барса ќе му исплати на Ѓургарден сума од седум милиони евра, а во договорот се предвидени и уште три милиони кои ќе зависат од учинокот на играчот. Бергвал летово најпрво ќе се приклучи на вториот тим на Барселона, но веднаш ќе добие шанса и во сениорската конкуренција.

Младиот Швеѓанец важи за еден од најголемите таленти на својата генерација и веќе забележа 22 настапи за првиот тим на Ѓургарден. Од неодамна е и член на сениорската шведска репрезентација, за која досега запиша еден настап.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button