ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од септември, пензиите само преку банка


Пензионерите да не ја чекаат пензијата на домашна адреса, бидејќи за овој месец пензиите ќе се испаќаат само преку деловните банки. Сите пензионери кои земаат пензија преку Македонска пошта, треба да отворат трансакциска сметка во друга банка за да може навремено да ја земат пензијата. Владата на седница одлучи овие пензии кои ги носеше поштар, а сега ќе се префрлаат на новите сметки, да почнат да се исплаќаат од 26 август до 1 септември и тоа во четири групи:

 

ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА

26 Август            – исплата на пензии до 11.000 денари

27 Август            – исплата на пензии до 14.000 денари

31 Август            – исплата на пензии до 18.000 денари

1 Септември        – исплата на пензии над 18.000 денари

За оние кој нема да отворат нова трансакциска сметка до 25 август, Владата ги задолжи ПИОМ и деловните банки да направат дополнителни исплати во текот на септември. Засега Македонска пошта останува со блокирана работа се додека не се потпише нов договор со друга банка.

„Подготвивме цела документација и денеска ќе биде испратена до Владата, од која како Собрание на акционерско друштво и сопственик на Македонски Пошти да добиеме согласност, а започнеме со транспарентната постапка за да избереме банка да продолжиме со работа со платен промет.“

Засега останува неизвесно кога и на кој начин луѓето кои не можат физички да одат во банка ќе си ја земат пензијата, социјалната помош, детска заштита и слично. Владата ја задолжи Македонката банкарска асоцијација да изготви урнек за отворање на новата трансакциска сметка за оние кои физички да не можат да одат до банките. Од МБА велат дека подготовката на урнекот е при крај, но се уште не се знае дали ќе треба тој документ и нотарски да биде заверен што ќе претставува дополнителен трошок за граѓаните.

Andrea Cobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button