КОШАРКАСПОРТ

ВИДЕО / Голем удар за Филаделфија, се повреди Ембид

Жоел Ембид доживеа повреда на мечот со Голден Стејт и мораше да го напушти теренот на четири минути пред крајот. Cе работи за повреда на коленото откако на него падна противничкиот кошаркар Џонатан Куминга.

Advertisements

Во текот на денешниот ден ќе се знаат повеќе детали во врска со состојбата на камерунецот со американски пасош. Ембид и во претходниот период имаше проблеми со повреди поради што пропушти неколку натпревари на својот тим.

Ако се покаже дека оваа повреда е од потежок карактер, тоа ќе биде тежок удар за Ембид во борбата за МВП признанието бидејќи тој веќе пропушти голем број натпревари сезонава, а за да остане во конкуренција мора да има на крајот барем 65 одиграни дуели. И покрај повредата, против Голден Стејт реализира 14 поени со 7 скока и 2 асистенции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button