Петмина осомничени за случајот „Онкологија“, Обвинителството отвори истрага

По пет месеци предистрага, случајот „Онкологија” од денеска преминува во повисока фаза – истражна постапка – по вчерашното приведување осомничени.
Осомничени во случајот, како што информираа на денешниот брифинг со новинарите шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска, се вкупно пет лица.
Станува збор за ексмедицинскиот и поранешниот организациски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, како и тројца лекари онколози.
Иако не беа споменати имиња, според периодот кога бил медицински директор и кога се торени делата кои му се таваат на товар првоосомничен е медицинскиот ексдиректор на Онкологија, Нино Васев.
Тој, според информациите на Обвинителството се товари за седум кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело измама во службата.
Организацискиот директор исто така е осомничен за измама во службата.
И тројцата лекари се сомничат за истото дело дело, но за помагање. Од ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд е доставен предлог на ексмедицинскиот и ексорганозацискиот директор да им бидат определени мерки на претпазливост, со кои се бара да им бидат одземени пасошите и да им се забрани напуштање на живеалиштето, а ексмедицинскиот директор оддалечување од работното место.
За тројцата доктори онколози Обвинителството не побарало никакви мерки за обезбедување на присуство, бидејќи тие се осомничени за помагање.
Делата за кои се осомничени, двајцата екс директори според доказите кои ги прибрало Обвинителството во текот на предистражната постапка ги сториле во периодот од 2017 до 2022 година.