ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Владата СДСМ-ДУИ ќе се памети како влада на криминал и корупција“

Движењето Беса реагираше на последниот извештај на Транспаренси интернешнал за нивото на корупција во земјава. Според оваа партија, корупцијата и злоупотребата на судството остануваат вистинското лице на власта предводена од ДУИ и СДСМ. Од Беса додаваат дека колку и власта да се обидува да ги измами граѓаните со „Европскиот фронт“, локалните и меѓународните институции секојдневно ја разоткриваат нивната корупција.

Advertisements

„Замислете, на рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата, Македонија е на 76. место и стои заедно со Унгарија, Молдавија, Тринидад и Тобаго и Буркина Фасо. Истата организација појаснува дека токму пратениците на власта ѝ помагаат на Владата уште повеќе да ја зголеми корупцијата, потенцирајќи ги измените во Кривичниот законик направени минатата година, со кои се намалува времето за застарување на судските предмети. Накратко, ова е ДУИ, ова е СДСМ, ова е власта којашто нема да се памети по инвестиции во инфраструктурата, во образованието, во економскиот развој, туку ќе остане во историјата како власт на криминалот и корупцијата“, рече Хасим Муртезани, Движење Беса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button