Дел од негувателките во струшката градинка од денеска не одат на работа

Во време кога се трошат илјадници евра за непродуктивни работи, скапи автомобили, ручеци и вечери по ресторани, дваесет и една негувателка и воспитувачка од струшката детска градинка од денес не одат на работа.Тие со години работат со договор на дело и примаат мечечна плата од само 10.000 денари, без здравствено и пензиско осигурување. Општината не најде начин да го реши овој проблем, иако истиот се провлекува со години. Минатата недела тие најавија дека нема да доаѓаат на работа.
Само мал број деца денес дојдоа во струшката градинка. Оние кои одат на работа, односно вработените кои се со решение ни рекоа дека бројот на деца во групи денес е многу мал.
Родителите бараат општината да го реши проблемот, бидејки нема кој да им ги чува децата.
„Треба да им се реши статусот, бидејки ние како родители сме обврзани да ги носиме тука децата. Нема каде да ги носиме на друго место…“
„Требаше да се реши статусот и се надевам дека во најкус рок ќе се реши,затоа што градинката е многу важна институција за сите нас. Се надевам дека за брзо ќе има решение“, рекоа родителите.
Од синдикатот на вработени го повикаа Мерко да го реши проблемот. Велат дека даваат целосна поддршка на нивните колешки.
„Апелираме до општината и до надлежните министерства брзо да се реши проблемот, бидејки вистински има потреба од решавање на работноиот статус на времено вработените колешки. Имаме многу деца, големи групи и без доволен кадар. Градинката неможе да функционира во иднина“, вели Милка Долинска, претседателка на синдикат.
Негувателките велат дека ќе се вратат на работа, ако платата им се зголеми на 20.000 денари. Во сротивно велат дека нема да се вратат на работа..Во детската градинка во Струга има 500 деца и уште толку се на листа за чекање.
Мики Трајковски