СПОРТФУДБАЛ

Килиан Мбапе донел одлука, не е поврзана со Пари Сен Жермен

Килијан Мбапе донел одлука за својата иднина и таа не е поврзана со Пари Сен Жермен, тврди „Марка“. Тој е подготвен да го направи следниот чекор и да направи трансфер во Реал Мадрид претстојното лето.

Advertisements

Француската суперѕвезда овој месец ќе го извести клупското раководство дека нема да потпише нов договор и ќе го направи следниот чекор во кариерата. Шпанскиот гигант веќе две години се обидува да го доведе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, а овојпат му најави дека ќе ја има последната шанса тоа да се случи по завршувањето на сезоната.

Тој би дошол како слободен агент, но целата операција ќе чини околу 200 милиони евра, а најголем дел од парите ќе завршат кај Мбапе и неговата мајка, која е и негов фудбалски агент.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button