Граѓаните за личните документи: „Леле каква неорганизираност“

До истекот на рокот кој е до 12 февруари за промена на личните документи остануваат уште 10 дена, а и денеска шалтерите се преполни со граѓани кои се обидуваат да ги променат личните документи. Дел од оние со кои зборувавме ни рекоа дека нема двојазични обрасци и се принудени да земаат пасоши само на македонски јазик.
Граѓаните се жалат на неорганизираност.
„Личната карта и возачката дозвола ги земав, а пасошот не. Не знаат каде е. Ми рекоа да дојдам после 4 или 5 дена“, вели еден граѓанин.
Рокот за замена на личните документи со новото државно име останува 12 февруари. По овој датум, личните карти и возачките дозволи со старото име на државата ќе можат да се користат само за внатрешна употреба, но не и за патување во Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Министерството за внатрешни работи информира дека досега се издадени над 1,2 пасоши, а низ светот има околу 2,8 милиони наши државјани.
Авни Тахири