ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тројца осомничени продолжуваат со работа на Онкологија како ништо да не се случило

Тројца осомничени продолжуваат со работа на Онкологија како ништо да не се случило

Три дена по апсењето на двајца директори и тројца онколози, никој не понесува барем морална одговорност. Ниту актуелната управа на Клиниката за онкологија, ниту Министерството за здравство не успеаја да поведат дисциплинска постапка против тројцата онколози Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, кои се вратија на работа како ништо да не се случило. На работа се вратиле и секретарката Елена Ѓонова, возачот Спиро Дамески и медицинската сестра Славица Спасовска кои исто така беа сослушани. Иако се гонат, освен поранешните директори Нино Васев и Нехат Нухи, сите останати се вратени на работат. Во јавноста има бројни реакции од членови на семејства кои загубиле роднини, а кои сега се сомневаат дека лекарите им го одзеле животот, а не ракот. На социјалните мрежи може да се сретнат и реакции од лекари од други одделенија.

Advertisements

„Што правеле Фондот за здравство и Министерството за здравство толку години додека директорот на Онкологија правел милионски малверзации? Имаат низа инспекции. Или биле поврзани или целосно неписмени, не знаат што да проверат?!“, рече Стојка Накевска, доктор на Клиника.

„Тоа што се случи на Онкологија е страшно. И верувам дека сите во бел мантил овие денови имаат горчлив вкус, особено затоа што сите лекари деновиве се предмет на незаслужени напади и навреди на интернет“, нагласи Нико Беќаровски, доктор.

„Колку треба да биде злобен човек за да ја украде последната надеж во деновите што се изброени! Белите мантили се на удар, да не ги ставаме сите во ист кош“, додаде Ненад Лазаров, доктор.

Во меѓувреме, на Клиниката за онкологија, ходниците и понатаму се преполни со пациенти кои примаат терапии и третмани против рак. Покрај болка, на нивните лица сега се гледа и страв.

Пет лица се осомничени дека проневериле астрономски речиси 30 милиони евра евра во изминатите неколку години. Тоа значи дека за 6 години штетата достигнала вредност од еден цел годишен буџет на Онкологија и тоа само за терапии. Во периодот 2017-2022 година, директорите во соработка со лекарите се осомничени дека препишувале двојно поскапи терапии во име на болните од рак. Неконтролираното повлекување на виталните лекови од аптеката на клиниката создало финансиска дупка во Фондот за здравство, но се смета дека и покрај тоа многу пациенти останале без соодветните терапии. Сè уште не е утврдено каде се продавале, но на црниот пазар една месечна доза чини од 4 до 5 илјади евра./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button