ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хорор-услови во училиште во Зелениково, пукнатините камуфлирани со цртежи

Хорор-услови во училиште во Зелениково, пукнатините камуфлирани со цртежи

Училиште без вода, подови со даски, испукани и нефарбани ѕидови. Ова е приградското основно училиште „Марко Цепенков“, изградено пред неколку децении на влезот на селото Вражале во општина Зелениково. Некогаш живо село, а денес само шест ученици одат на настава од прво до деветто одделение. Додека Алсат беше во селото, се сретнавме само со тројца од нив.

Advertisements

„Штета што нема многу ученици. Немаме со кого да си играме, немаме со кого да се дружиме. Немаме компјутери, немаме електронска табла. Штета што треба да одиме во џамијата за да наполниме вода, тука нема вода, тоалетите се предалеку. Тоалетите се многу лоши, без вода… Се разбира, со шишиња. Немаме каде да ги ставиме чантите, а во мојата училница тече многу вода“, рече една ученичка.

„Во мојата училница капе вода, многу е лошо. Тука нема вода, тоалетите се далеку. Дали се обидоа да го поправат? Да, но, сепак тече по ѕидот. Ова училиште е многу старо“, додаде друга.

„Кога почнавме во прво одделение, имавме многу пријатели, си игравме, си поминувавме супер, а потоа секоја година нашите пријатели си заминуваа. Засега, размислувам да се занимавам со занает, да станам фризерка“, нагласи друга ученичка.

И покрај тешките услови во селото и во училиштето, наставниците редовно доаѓаат на настава. Учителката Семине Селами секој ден патува на релација Сарај-Вражале и обратно.

„Пред три месеци беа поставени овие плочки тука, бидејќи капеше во училницата. Веќе пет години капе. Сега останаа прозорците. Ѝ кажав на директорката да се заменат бидејќи е ладно, училницата не се загрева. Дали го пополнувате електронскиот дневник? Да, го пополнувам? Каде го пополнувате? Го пополнувам дома бидејќи тука нема интернет“, рече Семине Селами, наставник.

За условите во училиштето, Алсат отиде во централното училиште „Марко Цепенков“ во Зелениково, за да разговара со директорката Љупка Стојановска. Освен што не нè прими, рече дека не смееме да снимаме во селското училиште. Алсат се обрати и до Општина Зелениково, од каде ветија дека ќе нè контактираат, но тоа не се случи.

Додека надлежните институции го игнорираат училиштето во Вражале, учениците и наставниците се обидуваат да го украсат ѕидот со покривање на оштетените делови со убави цртежи./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button