Алармантни цифри за празни училишта, најмногу иселувања од Тетово и Гостивар
Алармантни цифри за празни училишта, најмногу иселувања од Тетово и Гостивар

Училиштата во земјава секој ден се сè попразни. Од пет општини, почнувајќи од септември до второто полугодие, државата ја напуштиле 558 ученици. Само во Тетово основните и средните училишта го започнаа второто полугодие со 159 ученици помалку. Добиле документи за иселување за да им се придружат на семејствата во Германија и други земји. Од септември од 12 основни училишта во Тетово заминале вкупно 128 ученици, а од пет средни училишта 31 ученик.
Во Гостивар состојбата е уште поалармантна. Од почетокот на учебната година досега, 10 основни училишта останале без 130 ученици, додека четири средни училишта останале без 50 ученици. Миграцијата главно е насочена кон Германија и Швајцарија.
Слична е ситуацијата и во Куманово. Во истиот период заминале 131 ученик. Од шесте основни училишта во општина Желино за едно полугодие се иселиле 51 ученик, додека од 9 основни училишта во Чаир заминале 37 ученици.
Професорот Мурат Алиу масовното заминување во странство го смета за крајно вознемирувачко. Според него, причината не е само економскиот аспект, туку и целокупниот квалитет на животот.
„Прашањето за иселувањето на нашите граѓани од Северна Македонија пред сè е поврзано со незадоволството на нашите граѓани од политиката и квалитетот на животот овде. Прашањето за емиграцијата е национално прашање и треба да се алармира за да стане национално прашање бидејќи тоа го загрозува и нашиот демографски пад“, рече Мурат Алиу – Универзитетски професор.
Алиу вели дека е невозможно целосно да се спречи ислеувањето од државата, но според него, вистински реформи би ја ублажиле појавата./Алсат.мк
Авни Тахири