ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ново ветување на катни гаражи на Клиничкиот центар во Скопје

Ново ветување на катни гаражи на Клиничкиот центар во Скопје

Звуци на сирени, расправии меѓу граѓани и блокирани автомобили кои не можат да се движат ни напред, ни назад.
Ваква е секојдневната глетка во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Граѓаните се жалат дека поради недостиг на паркинг-места ги пропуштаат термините или не можат да бидат со членовите на семејството на кои им е потребна медицинска помош. Велат дека залудно плаќаат, а не можат да најдат место за паркирање.

Advertisements

„Паркингот овде кај болницата е во многу алармантна состојба, нема место и да платиме, нема место, катастрофа е паркингот овде, луѓето не знаат. Луѓето можат да настрадаат по пат додека да добијат прва помош“, рече еден граѓанин.

Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека информацијата за изградба на катни гаражи поминала во Владата, но сега се чека на потпис за потоа да продолжи тендерскиот процес.

„Помина информацијата во Владата, останува само да се потпише, тоа е последниот потпис во Владата и веднаш потоа ќе го објавиме тендерот, односно оној кој ќе го добие паркингот. Ќе биде распишан, ќе биде меѓународен“, рече Фатмир Меџити, министер за здравство.

И во минатите години скоро сите министри за здравство ветуваа дека ќе го решат хаосот со недостигот на паркинг места на Клиничкиот центар, но ништо не се промени./Алсат.мк

Ајну Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button