СПОРТФУДБАЛ

Салах откри еден детал од неговиот живот, кој јавноста не го знаеше

Египетската ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, во разговор со „Скај Спортс“ откри еден детаљ од неговиот живот, кој јавноста досега не го знаеше. “Фараонот“ рече дека многу често слободното време го користи играјќи шах, спорт кој го исполнува и му дава дополнителен мотив за личните предизвици во животот.

Advertisements

„Зависен сум од шах. Да, признавам, играм секој ден. Најчесто играм на интернет, но понекогаш и со моите соиграчи и пријатели. Не го користам моето име, но понекогаш ме издава фотографијата на профилот. Шахот е потценет спорт на глобално ниво и мислам дека има потенцијал да го врати сјајот што некогаш го имаше. Кога бев мал, имаше многу квалитетни шахисти, а јас често ги гледав тие дуели со моето семејство“, изјави Салах.

Египетскиот репрезентативец се повреди на Африканскиот Куп на Нации, но неговиот „кам-бек“ се очекува многу наскоро. Сезонава Мо Салах повторно е предводник на Ливерпул и досега забележа учинок од осумнаесет голови и девет асистенции во сите конкуренции./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button