
Денес започнува судењето на поранешниот репрезентативец на Бразил и ѕвезда на Барселона, Дани Алвеш, кој е обвинет за силување.
Судот во Барселона резервирал три седници, од 5 до 7 февруари за да му изрече казна на фудбалерот. Обвинителството бара фудбалерот да биде осуден на девет години затвор и отштета во износ од 150 илјади евра на жртвата. Меѓутоа, жалбата поднесена од жртвата ја зголеми затворската казна на 12 години.
Во јануари, Дани Алвеш беше обвинет за силување на 23-годишна девојка во ноќниот клуб “Сатон” во Барселона.