ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе сториме сѐ што може, граѓаните за кратко време ќе го видат ефектот

Во вчерашното гостување во вестите на Телевизија Алсат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за состојбата во која го затекна министерството особено во делот на издавањето на лични документи и ги презентираше дел од мерките кои се преземаат со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Advertisements

„Пунктот Пролет го враќаме суштински во системот, но не како што беше со четворица фотографи, а поставени 10 базни станици за фотографирање на луѓето. Го враќаме овој пункт со 14 фотографи, вработени полициски службеници коишто ќе го спроведат процесот на 14 базни станици. Од понеделник најавувам и дека ќе се работи во две смени на пунктот Пролет, но само со телефонски закажувања.

Со цел олеснување на процесот на вадење нови патни исправи, Тошковски најави отворање и на уште еден пункт, како и зголемување на човечките капацитети.

„Правиме сѐ што можеме да направиме за максимално да го забрзаме процесот. Имало лошо планирање на набавките и особено лошо менаџирање на процесот на испорака, за да денеска нема доволен број обрасци. Ќе сториме се што можеме да максимално одговориме на потребите на граѓаните. Ќе го видат ефектот за многу кратко време“, рече Тошковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button