МАКЕДОНИЈА

Премиерот Спасовски одбива да даде детали за „утнатиот“ водовод за с.Синичани


Веќе еден месец жителите на Синичани престојуваат во шатори протестирајќи за вода за пиење иако им беше ветено дека за две недели ќе продолжи изградбата на селскиот водовод. Обидот на локалните власти да ги комплетираат документите за проектот за водоснабдување остана во ќорсокак. Имено, наместо да се гради систем за вода за пиење, по насока на централната власт општината побарала систем за наводнување. Премиерот во заминување Оливер Спасовски одби да даде детали.

Од општина Боговиње денеска не се произнесоа пред медиумите, но нивниот став е дека поднеле такво барање по предлог на Владата. Наместо барање за вода за пиење, тие на 11 август доставиле барање до Акционерското друштво Водостопанство за систем за наводнување во Синичане. Тим на експерти ќе излезе на терен во вторник, но оваа комисија е од институција која не е надлежна за вода за пиење, туку за наводнување.

„Поаѓајќи од тоа да покажеме добра волја за решавање на реалниот проблем на жителите, реков дека ќе излезат ангажирани експерти за да ги видат параметрите за евентуална изградба на систем за наводнување и тие ќе излезат во вторник, но се надевам дека нивното излегување нема да биде злоупотребено за понатамошно политизирање“, изјави Илми Селами, директор на АД Водостопанство.

Додека институциите се занимаваат со прецизирање на надлежностите, првиот рок на 20 август до кога требаше да се продолжат работите за изградба на водоводниот систем беше прекршен. Него го вети општина Боговиње. Општината поднела друго барање, на 21 август, но во него го отстранила делот што се однесуваше на водата за пиење и го доставила само делот со кој се бара вода за наводнување. Вториот рок сега е 20 септември кога и законски треба се да биде готов проектот за водоснабдување, со кој жителите од селото Синичане ќе снабдат со вода за пиење.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button