Таравари утре на средба со членови на Централното собрание на АА
Таравари утре на средба со членови на Централното собрание на АА

Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари утре во Куманово ќе се сретне со структурите на партијата. На собирот ќе се приклучат и членовите на партиското Собрание кои се со него. Средбите почнуваат во Куманово, продолжуваат на 10 февруари во Гостивар, па потоа на 13-тти во Тетово.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи се вели дека по собирот ќе има состанок на пратениците на партиското Собрание, кои како што тврди Таравари се повеќе од 80 од вкупно 133 колку што брои ова партиско тело. Во најавата на Таравари за утрешната средба никаде не е нагласено дека станува збор за седница на Собранието, а групата која го поддржува Зиадин Села излезе со став дека има обид во Куманово да се одржи токму Собрание. Потпретседателот на Алијанса, Елми Азири преку реакција на Фејсбук појасни дека состанок утре не е и не може да биде седница на Собранието на партијата.
„Она што сакаме да ве информираме е никој да не станува плен на дезинформации дека се одржува партиско Собрание, бидејќи како што ќе заклучите сами од поканата, се работи за собир и состанок“, рече Елми Азири, Потпретседател на АА.
Одмаздите меѓу фракциите во рамките на АА продолжија дури и во вториот и третиот ешалон. Со одлука на Владата разрешени се директорот за странски инвестиции Газменд Абдиу и директорката на Македонски пошти Бујаре Абази. Без никакво образложение. Во меѓувреме, по разрешувањата со одлука на директорот на пензискиот фонд, Арсим Хасани, огранокот во Куманово го разреши од функцијата претседател. Хасани ги отфрли обвинувањата дека разрешувањата имаат политичка позаднина./Алсат.мк
Адријан Керими