ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Замрзнат штрајкот во ФЗОМ, платите не се намалуваат

Замрзнат штрајкот во ФЗОМ, платите не се намалуваат

Вработените во Фондот за здравствено осигурување привремено го прекинаа штрајкот до 31 мај. Ваков е времениот договор меѓу синдикалците и надлежните, па од утре ќе почнат со работа сите капацитети за здравствено осигурување.

Advertisements

Само три дена штрајк беа потребни за да се дојде до времено решение за да не се чепкаат платите на вработените во Фондот. Од синдикатот на управатавелат дека овој ултиматум се поклопува со периодот на двојните избори.

Директорката на Фондот за здравство Магдалена Филиповска рече дека по разгледувањето на владина седница било решено да се повлече препораката за усогласување на платите за вработените. Филиповска се надева дека и по изборите со ребалансот на буџетот ќе продолжат истите плати како што се договорени, односно зголемени за 15%, што би чинело вкупно 1 милион евра годишно.

За 831 вработен во Фондот за здравство овој времен договор значи дека платите нема да им се намалувата најмалку до крајот на мај, а потоа, како што велат – „нова влада – нова среќа“./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button