ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата треба да даде зелено светло за да може Македонска пошта да преговара со други банки


Македонска пошта чека зелено светло од Владата за да почне преговори за потпишување договор со друга банка и да може да се плаќаат сметки или да се добива пензијата преку Пошта. Првиот човек на Македонска пошта Ејуп Рустеми вели дека денеска имало работна средба во Владата па сега се чека кој ќе биде заклучокот. Рустеми апелира за итно решавање на овој проблем.

„Со договорот што го имавме директно или индиректно беа ангажирани 870 вработени да ја вршат работата поврзана со платниот промет. Поштата има 326 објекти и околу 500 шалтери на кои даваа услуги на граѓаните преку платниот промет на територијата на РСМ. После ваква одлука се уште да се обидуваме и да го затвориме и системот заедно со НБРМ и за трансакциите кој тој ден не завршија во платниот промет“, изјави Ејуп Рустеми- Генерален директор на Македонска Пошта.

Од Владата кој е и основач на Македонска пошта не добивме одговор кога може да се очекува старт на преговорите со другите деловни банки. Пропаднатата Еуростандард банка склучи договор со Македонска пошта во 2016 година со важност од 15 години. За имплементација на банкарскиот систем во пошта, вработените помина долгогодишна обуки и прилагодување на системот. На денот на затворањето на банката останаа и заглавени трансакции кој граѓаните ги правеле во банката или во пошта. ЕВН Македонија ги извести граѓаните кои тој ден плаќале сметки за струја дека нема да треба да ги плаќаат повторно, туку само да испратат доказ за направена уплата по електронски пат. Од НБРМ велат дека решение за овој проблем ќе има наскоро, односно сите трансакции на граѓаните ќе бидат реализирани.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button