СПОРТФУДБАЛ

Федерико Киеза бара од Јувентус иста плата како и Душан Влаховиќ

Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза набрзо би можел да го напушти Јувентус, иако има актуелен договор со клубот до 2025 година. Имено, тој смета дека треба да има плата како Душан Влаховиќ, што значи 7 милиони евра на годишно ниво, а имајќи предвид дека моментно е на 5 милиони евра, јасно е дека има незадоволство кај него.

Advertisements

Јувентус не може да си дозволи да ги зголеми приходите што ги побара неговиот менаџер, па има голем застој во преговорите за нов договор.

Со оглед дека преговорите со Киеза се во ќорсокак, Јуве бара на друго место. Потенцијална замена за Киеза би можел да биде Алфред Гудмундсон.

Фудбалерот на Џенова е цел на неколку клубови, овој јануари имаше доста понуди, а неговиот клуб одби 25 милиони евра од Фиорентина. „Виолетовите“ сакаат 40 милиони, а Јувентус би можел да ги плати на лето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button