
Управата на македонскиот прволигаш, Шкупи, објави дека нивниот млад фудбалер Клемент Анса заминува на позајмица во турскиот второлигаш, Чорум Спор.
19-годишниот фудбалер од Гана ќе се стекне со големо искуство во Турција, по што летово ќе се врати во Скопје и ќе се стави на располагање во екс- македонскиот првак. Од Шкупи му посакаа многу среќа на Анса и изразија задоволство од соработката со Чорум Спор.
Чаирчани интензивно се подготвуваат за продолжението на сезоната во ПМФЛ, каде ќе бијат тешка битка со Струга и Шкендија за врвот во македонскиот фудбал.