ВЕСТИСВЕТ

Бајден: Воениот одговор на Израел во Појасот Газа беше претеран

Воениот одговор на Израел во Појасот Газа беше претеран, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден, на прес-конференција во Белата куќа.

Advertisements

„Исто така, навистина се залагам хуманитарната помош да стигне до Газа. Јас сум и за прекин на огнот за да се овозможи ослободување на заложниците. Сето ова мора да престане што е можно поскоро, има многу невини луѓе кои гладуваат, кои се во неволја и кои умираат“, нагласи американскиот претседател.

Белата куќа објави дека нема да поддржи какви било планови на Израел за големи воени операции во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, и истакна дека министерот за надворешни работи на САД Ентони Блинкен, јасно ја изразил загриженоста на САД за таквите операции. Израел овие денови силно го бомбардира Рафах.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button