ВЕСТИСВЕТ

Путин: Полска би ја нападнале само ако…

Русија ќе се бори за своите интереси докрај, но нема интерес да ја прошири војната во Украина на други земји, како Летонија и Полска, изјави Владимир Путин во интервјуто со Такер Карлсон.

Advertisements

Запрашан дали може да замисли сценарио во кое би испратил трупи во Полска или друга членка на НАТО, Путин кажа:

„Русија ќе испрати трупи во Полска само во еден случај: ако Полска ја нападне Русија. Ние немаме интереси во Полска, Летонија или некоја друга држава“.

Повеќе од два часа долгото интервју беше емитувано ноќеска, два дена откако беше снимено во Москва, кога бившиот водител на „Фокс њуз“ стана првиот западен новинар кој го интервјуирал Путин од почетокот на руската инвазија пред речиси две години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button