СПОРТФУДБАЛ

Насер Ал–Келаифи на кормилото на УЕФА во 2027?

Откако се спушти завесата на 48. Конгрес на УЕФА, почнаа шпекулациите за името на наследникот на Александар Чеферин. Оние кои ја следат работата на УЕФА се убедени дека нема да има многу дилеми по ова прашање, односно дека веќе е јасно кој ќе го наследи Словенецот на чело на европскиот фудбал.

Advertisements

Станува збор за човекот кој вчера доби четиригодишен мандат во Извршниот Комитет, Насер Ал-Келаифи. Првиот човек на ПСЖ и на ЕКА со години е еден од најблиските соработници на актуелниот претседател, а со оглед дека Чеферин и денес има огромна поддршка, и дека за три години ќе биде тешко да се смени нешто, најавите дека „катарецот“ ќе го преземе европскиот фудбал имаат своја тежина.

Ако ова се оствари, а можностите се навистина огромни, за првпат во историјата на УЕФА на чело ќе застане човек кој не е од Европа./Makfudbal.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button