Милошоски: Европскиот фронт се претвори во фронт за корупција и криминал

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во својот говор упати остри критики на сметка на техничкиот премиер, за кого рече дека пред 10 дена кога седел во фотелјата на владината партија имало само пофалби за неговиот кабинет.
„Оваа Влада, која себеси се нарекува европски фронт, денес не знае кој е луд, а кој е збунет. Оваа влада се нарекува себеси европски фронт, но всушност е фронт на корупцијата и криминалот. Фронт каде секој се бори за својата позиција, а секој за повеќе тендери… Сепак, имаме шанса да ја смениме оваа власт на 8 мај, да ја уништиме, да ја победиме, да ги добиеме граѓаните и Република Македонија“ , рече Милошоски, додавајќи дека пред 10 дена Џафери ги пофалил дотичните министри и сега не знаеме дали овие двајца министри од проевропски се претвориле во проруски.