СПОРТФУДБАЛ

Нојер, повторно отсуствуваше од тренингот пред натпреваот со Лацио

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, повторно отсуствуваше од тренингот во понеделникот, а бундеслигашот соопшти дека се работи за замор.

Advertisements

Нојер не тренираше минатата недела поради проблеми со коленото, но играше во саботниот пораз од 3-0 од лидерот Баер Леверкузен. Се очекува тој да го започне првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите в среда против италијанскиот калчолигаш Лацио.

Баерн соопшти дека бекот Нусаир Мазрауи исто така почувствувал замор, додека Брајан Сарагоса се вратил на тренинзите откако го надмина грипот.

Баварците ќе се обидат да се вратат на победнички патеки по поразот од Баер Леверкузен на претстојните два натпревари, против Лацио во ЛШ и во Бундеслигата против Бохум.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button