ВЕСТИСВЕТ

Хорор во Канада: Маж уби пет членови на семејството, меѓу нив и двомесечно бебе!

29-годишен маж е обвинет за убиство на пет члена од неговото семејство. Тој е обвинет за убиство на сопругата (30) и трите ќерки на возраст од шест и четири години, едно двомесечно бебе, како и за убиство на неговата внука (17).

Advertisements

Обвинетиот Рајан Хауард Маноакисик е уапсен откако нивните тела беа пронајдени на неколку места на злосторство во Карман, Канада.

Мажот ја убил сопругата (30) со автомобил, го фрлил нејзиното тело во ендек и побегнал. Полицијата потоа добила дојава за запалено возило кај кое ги нашле и телата на нивните деца.

Телото на внуката полицијата го пронашла во куќа во Карман, пишува АП.

Мажот е приведен, а форензичарите во моментов вршат увид на местата на злосторот.

„Ова е мрачно време во Манитоба“, рече премиерот на Манитоба, Ваб Кинев, на прес-конференција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button