СПОРТФУДБАЛ

Неструп: Против Ман. Сити ќе излеземе со јасна идеја дека имаме шанса да победиме

Тренерот на Копенхаген, Јакоб Неструп, ги сподели своите очекувања за денешниот натпревар против Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој ја призна класата на противникот, но истовремено е сигурен дека неговиот тим може успешно да му се спротивстави на актуелниот освојувач на трофејот.

Advertisements

„Знаеме каков тим е Манчестер Сити, но и нивните играчи се луѓе, како и оние на Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Галатасарај со кои бевме во иста група.  Ќе излеземе со јасна идеја дека имаме шанса да победиме. Со нетрпение го очекуваме натпреварот и знам дека атмосферата на стадионот ќе биде фантастична “, изјави Неструп.

Натпреварот меѓу ФК Копенхаген и Манчестер Сити се игра вечерва од 21 часот на стадионот „Паркен“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button