СПОРТФУДБАЛ

Илјаз Чилјафи, новото засилување на Брера Струмица

Илјаз Чилјафи од Скопје е новото засилување на Брера Струмица на неколку дена пред стартот на пролетниот дел од шампионатот. Чилјафи игра на позицијата лево крило а во струмичкиот тим доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш, каде одигра одлични партии во есенската полусезона на второлигашкото натпреварување.

Advertisements

Илјази во својата кариера има настапувано за повеќе клубови во македонскиот фудбал,  Шкендија, Струга ТЉ, Гостивар, Тетекс, Воска Спорт.

,,Ми преставува вистинско задоволство што ќе бидам дел од тимот на Брера Струмица, клуб кој го сврте вниманието на фудбалската јавност во земјава и пошироко. Добро сум прифатен во тимот и веќе се приклучив во тренажниот процес на струмичани. Се надевам дека ќе добијам шанса за да ги покажам своите квалитети и дека како тим ќе ја исполниме зацртаната цел а тоа е место погоре на прволигашката табела“ изјави Чилјафи.

Брера предводена од стратегот Бојан Круљ ги одработува последните тренинзи пред стартот на пролетните мечеви викендов. Овој дел од прволигашкото првенство го започнува со екипата на Силекс во Кратово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button