ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите се пребројуваат пред официјализирањето на кандидатите за претседател

Политичките партии почнаа да ги бројат на прсти последните дена пред официјализирањето на нивните кандидати за претседател. СДСМ до крајот на месецот ќе го даде конечното име на својот избраник и реални се шансите за повторна кандидатура на претседателот Стево Пендаровски. Меѓу другите имиња за кои се зборува е и на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и на генералниот секретар Миле Зеќевиќ. Нивниот кандидат ќе има поддршка и од другите владејачки партии.

Advertisements

ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенција на 2 март ќе го прецизира името – Гордана Силјановска Давкова и Александар Спасеновски се можни кандидати.

Во меѓувреме, албанската опозиција се очекува до сабота да ги објави имињата на нивните кандидати.

„Денеска, кога официјално се распишуваат претседателските избори, сакам да ја информирам јавноста дека Европскиот сојуз за промени веќе има свој кандидат за претседател. Кандидатот на Сојузот ќе биде почитувано име, кое ги надминува етничките и политичките граници, што е ретка можност да се изрази мултиетничкиот карактер на државата за прв пат во Северна Македонија“, рече Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Според првичните проценки, 20 март е краен рок за официјализирање на претседателските кандидатури. Што се однесува до роковите за листите на кандидати за пратеници, неофицијален рок ќе биде 3 април.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button