ВЕСТИСВЕТ

Гугл почнува кампања против дезинформации пред изборите во ЕУ

Гугл се подготвува да започне кампања против дезинформации во пет земји од Европската Унија, изјави компанијата за Ројтерс пред парламентарните избори во блокот и построгите нови правила кои се однесуваат на интернет содржините.

Advertisements

Во јуни, граѓаните на ЕУ ќе изберат нов Европски Парламент кој ќе донесе политики и закони во заедницата, а законодавците стравуваат дека ширењето на дезинформации на интернет може да влијае на гласачите. Франција, Полска и Германија ја обвинија Русија дека составила елаборирана мрежа на веб-страници за ширење проруска пропаганда.

Европскиот закон за дигитални услуги, кој стапува на сила во февруари, ќе бара од многу големите интернет платформи и пребарувачите да направат повеќе за борба против нелегалната содржина и ризиците за јавната безбедност.

Почнувајќи од оваа пролет, внатрешната единица на Google – Jigsaw, која работи на справување со онлајн заканите, ќе лансира серија анимирани реклами на платформи како Тикток и Јутјуб во пет земји на ЕУ: Белгија, Франција, Германија, Италија и Полска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button