
Полуфиналниот натпревар меѓу Работнички и МЗТ Скопје, попладнево во Битола, ќе се игра без присуство на двете навивачки групи. Со оглед на тоа што гостувањето не е најавено, безбедносните структури не можат ургентно да се организираат за да ја гарантираат безбедноста.
Навивачките групи го изразија својот гнев поради забраната за присуство на завршниот турнир во Купот на Македонија и уште еднаш изразија огромно разочарување од неможноста да отпатуваат во Битола. Забраната за организирани групи доаѓа од координацијата на Министерството за внатрешни работи, Општина Битола, која е сопственик на салата „Боро Чурлевски“ и организаторот на натпреварувањето, КК Пелистер.
Натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје е закажан за 17:00 часот и ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Очигледно е дека двете скопски навивачки групи се соочуваат со истиот проблем, па прашање е дали во салата ќе има нивни претставници за овој исклучително важен натпревар за двете екипи.
Натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Работнички е пресметка помеѓу екипи кои во своите витрини имаат вкупно 21 трофеј од ова натпреварување. МЗТ минатата година го мина „вечниот“ ривал и стигна до единаесеттиот Куп во историјата.