Член на обезбедувањето на Мицкоски нападнал полицаец
Член на обезбедувањето на Мицкоски нападнал полицаец

Припадник на обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, физички нападнал негов колега, дежурен полицаец, пред кафеана во Скопје при акција на Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, напаѓачот со иницијали И.Б, вработен како полицаец, при инцидентот не бил на должност додека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
„Полициски службеници на Единицата за нелегална трговија во СВР Скопје го лишиле од слобода лицето со иницијали И.Б.(43) од Скопје, полицаец кој не бил на должност, откако физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
За случајот реагираше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој побара Обвинителството брзо да го расчисти случајот.
„За настанот веднаш бил известен надлежен јавен обвинител кој дал упатства кои се следат од надлежните служби. Побарав од министерството да постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури. Со цел што побрзо расчистување на ова прашање и за резултатите од преземените дејствија, мислењето ќе биде веднаш известено“, рече Панче Тошковски, министер за Внатрешни Работи.
Од СДСМ велат дека станува збор за напад на инспектор кој бил на должност во акција на МВР додека додаваат дека истото лице со иницијали И.Б. кој го нападна полицаецот е и шеф на обезбедување на Мицкоски.
За инцидентот реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија рекоа дека лицето со иницијали И.Б., кое го нападна дежурниот полицаец, по инцидентот веднаш било избркано од тимот за обезбедување на Мицкоски.
„Споменатиот за кој медиумите јавуваат дека бил дел од инцидент е ангажиран како дел од обезбедувањето, но не е шеф на обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Како што дознаваме, станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајца полицајци. По овој настан, истиот ќе го напушти осигурувањето и нема да има никаков ангажман со претседателот на партијата. Бараме надлежните, без резерва, да ги преземат сите неопходни мерки за расветлување на случајот и најстрого казнување на секаков вид насилство, постапувајќи согласно законот“, велат од ВМДО ДПМНЕ.
Според пријавата од местото на настанот, лицето И.Б. најпрво вербално му се заканувал на колегата В.Г., а потоа го удрил со тупаница во главата. Тогаш И.Б. е лишен од слобода./Алсат.мк
Авни Тахири