
Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва во Скопје, ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во февруарскиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Селекторот Александар Јончевски стави четиринаесет кошаркари на конечната листа на кандидати за средбите со Естонија (на 23 февруари) односно Полска (26 февруари).
Согласно со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде ќе го играме натпреварот против репрезентацијата на Естонија, „црвено-жолтите“ ќе одработат и одреден број на тренинзи. По вечерашниот, закажан за 18:00 часот, во вторник следуваат уште два.
В петок од 19:00. часот, следува премиернито натпревар од квалификациите, против репрезентацијата на Естонија.