ВЕСТИСВЕТ

Бербок: Германија ќе предложи нови санкции за Русија

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека Берлин ќе предложи воведување нови санкции против Русија поради смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и изрази надеж дека наскоро ќе биде постигнат договор за овие санкции во рамките на ЕУ.

Advertisements

Бербок, по пристигнувањето во Советот за надворешни работи на ЕУ, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека употребил „брутална сила“ за да ги потисне руските граѓани „кои излегуваат на улиците да протестираат за слобода или кои пишуваат за тоа во весниците“, пренесува Ројтерс.

„Ќе предложиме нови санкции земајќи ја предвид смртта на Алексеј Навални“, рече Бербок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button